Практичен водич за почетници дизајнери
UX/UI Дизајн за Мобилни и Веб апликации
Прва интерактивна книга за UX/UI дизајн на македонски јазик, преку
која ќе научиш да креираш кориснички профили и да дизајнираш
интуитивни кориснички искуства и интерфејси.
Прва интерактивна книга за UX/UI дизајн на
македонски јазик, преку која ќе научиш да
креираш кориснички профили и да дизајнираш
интуитивни кориснички искуства и интерфејси.
Дизајнирањето мобилни и веб апликации без предходно разбирање на проблемите и потребите на крајните корисници е исто како да започнеш да градиш куќа од покривот па надолу – нелогично и тотално нефункционално!
Преку теорија, анализа на реални дизајни и практични вежби, оваа книга за UX/UI дизајн ќе ти помогне да ги разбереш основите, законите и принципите на дизајнирањето.
Ќе научиш како да креираш интерактивни кориснички искуства и естетски кориснички интерфејси – насочени кон осознавање и решавање на проблемите и потребите на крајните корисници на апликацијата.
Задоволни студенти од курсот, како и пофалби за UX/UI дизајн кажаа ...
Задоволни студенти од курсот, како и пофалби за UX/UI дизајн кажаа ...
Миме Николовска
Во врска со курсот сеа малку се натажив на крај пошо скролнав нагоре и кога видов колку многу работи, видеа и задачи сум поминала, искрено ќе ми фали самиот тој процес на учење. Предобро искуство, премногу работи научив, сеа си ги споредив првите дизајни уште од бесплатниот курс на Slack што беше и овие од сега и бев mindblown бидејќи не очекував толкава разлика. Наскоро ќе почнам да аплицирам како фриленсер на upwork и слично, се надевам ќе тргне работата хахах. Пс. Да направиш втор дел од курсов ама како понапреден како за senior designer со уште нови работи како уште да се подобриме, обавезно ќее се пријавам што и да извадиш, верувам дека ќе е awesome.
Емилија Бимбилоска
Не може со зборови да се опише колку е се совршено смислено, редоследот на предавањата, едноставноста на предавањата (штом јас разбрав и научив а цел живот важев за труп од технологија ). Имам другарка на друг курс што го плати многу скапо и за разлика од неа јас и со паузи многу повеќе имам научено а одприлика во исто време почнавме. Најмногу ми се допаѓа што секогаш си тука за било што, што има задачи и што предавањата ги имаме засекогаш. Верувам дека кога ќе го завршам курсот ќе можам лесно да најдам фриленс работа зошто задачите и проектите ќе ми бидат комплетно портфолио. Се на се мислам дека курсот вреди многу многу повеќе од тоа што платив и го препорачувам токму заради тоа, секој би можел да си го дозволи одлична опција е за многу да се научи дури и за луѓе како мене што немаат никакви предзнаења
Бојан Маневски
Го завршив курсот и сум презадоволен од предавањата и од знаењата кои ги стекнав. Сакам да ти се заблагодарам премногу што одвои време за целиот курс и што беше толку многу посветена и секогаш достапна за било што. Секогаш сум тука за било каква соработка и секако ќе продолжам да учам и да се надоградувам. Се надевам ќе го најдам првиот клиент наскоро.
Климентина Соколовска
Кога го започнав курсот главно се надевав дека ќе стекнам некоја солидна основа за UX/UI дизајнот но сега веќе завршно со 21.06.2023 по 6 месечна работа и со креирање на последните дизајни можам слободна да кажам дека ги надминав сопствените очекувања. Освен теоретската подготвеност која ми ја даде курсот ми даде и можност да го развијам моето око за дизајн па веќе покритички пристапувам кон други проекти. Но најбитното нешто кое го стекнав со помош на менторот е поголемата самодоверба и креирање на дисциплина во моето секојдневие. Па така одлуката да тргнам на ова патешествие беше една од најдобрите. Благодарам.
Сара Јошеска
Здраво Маја Прво да ти се заблагодарам премногу за советите од пред неколку месеци за факултетите низ Скопје и цело посветено време. Искрено бев изненадена од тоа колку премногу си се вложила во курсов и колку ги прегледуваше задачите и проектите до најситен детал. Благодарение на курсов ја открив мојата понатамошна насока за образование. Горда сум на тебе, на курсов и на себе затоа што се запишав на ран упис на ФОН графички дизајн и ме повикаа на разговор за да добијам стипендија, материјалите кои што ги изработив благодарение на твојот курс ќе си ги носам во портфолиото на интервјуто. ФАЛА ТИ ЗА СЕ ОД СРЦЕ! Hope you know how great person you are and the difference you make! Ти посакувам се најубаво, и уште еднаш фала ти за споделеното знаење и секој совет! ОГРОМНА ПРЕПОРАКА ДО СИТЕ КОИ ШТО СЕ КРЕАТИВЦИ ВО ДУША, САКААТ ДА НАУЧАТ НОВА ВЕШТИНА И ДА СЕ НАДОГРАДАТ СЕБЕ СИ!
Тијана Коцев
За курсот дознав сосема случајно, наидов преку пост на инстаграм, се сеќавам. Да бидам искрена , јас како сликарка и уметничка душа веднаш ме привлече сликовитото објаснување за курсот за UX/UI Designer , иако навистина имав доста нејаснотии додека не започнав да го изучувам. Додека, процесот на објаснување на секоја лекција, вежба според мене е толку опширно направено и разбирливо за секого, како што почнав и јас од нула. Кога ги разгледувам вежбите, увидов дека со секоја следна вежба или проект разликата е тотално видлива. Се подобро и подобро. Затоа, за книгата што ја работиш моментално за UX/UI Design, ја имаш сета подршка од мене. Верувам дека ќе биде предобра како и овој курс и знам дека уште многу други млади дизајнери ќе се пронајдат во дизајнерскиот свет. Ти благодарам , што успеав да се пронајдам себе овде.
Трајче Барбареев
Маја, би сакал да те известам дека го завршив курсот по UX/UI Design и би сакал да ти се заблагодарам пред се за концептот на кој што работиш и на кој начин е направен самиот курс, научив многу нови работи и совладав некои потешкотии кои ги имав благодарение на тебе. Започнав како почетник немав воопшто ориентација каде се наоѓам и како функционира сето ова, едноставно го почнав овој курс бидејќи си многу позитивна личност и доказ дека ако се сака се сѐ може. Те следам две години на социјалните мрежи и затоа сакав да почнам нешто ново и се снајдов прилично супер. Уште еднаш ти благодарам многу.
Ана Фрагнова
Маја, сакам да ти кажам дека уживав додека го учев курсот и научив многу нови работи и со секој следен проект се’ повеќе ми се развива чувството за естетика и за тоа како би сакала да изгледа еден проект. Ќе продолжам да работам, и се надевам во иднина дека ќе добијам и работно место.
Ангела Тортевска
Ти пишувам пред се да ти се заблагодарам! До сега сум била на многу курсеви(од различни области), но за прв пат гледам некој што максимално се труди да го пренесе своето знаење. Сега се присетувам на почетокот кога почнав без ништо да знам за UX/UI, а сега со љубов креирам мобилни апликации и веб страници, и секако благодарение на твојот курс! Уште еднаш многу ти благодарам пред се за помошта додека го изучував курсот и ти благодарам за целото пренесено знаење!
Што ќе научиш од книгата
за UX/IU Дизајн?
Закони и Принципи на Корисничко Искуство (UX Дизајн)
Преку теорија и вежби, ќе научиш како да ги разбереш проблемите и потребите на крајните корисници, да ги разработиш твоите идеи и да креираш wireframes за апликација.
Ќе научиш:
🚀 Како да се ставиш во чевлите на крајните корисници
🚀 Како да креираш User Persona
🚀 Како да дојдеш до креативни идеи и решенија (brainstorming)
🚀 Дизајнирање на кориснички тек (user flow)
🚀 Wireframing
Закони и Принципи на Кориснички Интерфејс (UI Дизајн)
Во овој дел, ќе се запознаеш со графичкиот и визуелниот дел на интерфејсот. Ќе научиш како да креираш естетски интерфејс за крајните корисници
на апликацијата.
Ќе научиш:
🔥 Како да одбереш палета со бои
🔥 Која големина треба да бидат елементите
🔥 Како да одбереш икони
🔥 Како да одбереш фонт
🔥 Организација на дизајн со Grid system
Мислеше Дека ќе се Извлечеш од Решавање Задачи? 🤓
Мислеше Дека ќе се Извлечеш од Решавање Задачи? 🤓
После секое поглавје во делот за UX дизајн, ќе решаваш задачи директно во
книгата. Ќе научиш како твоите идеи да ги пресликаш на хартија и како да ги
решаваш проблемите на крајните корисници преку дизајнирање
практични кориснички искуства.
После секое поглавје во делот за UX дизајн,
ќе решаваш задачи директно вокнигата.
Ќе научиш како твоите идеи да ги пресликаш на хартија и како да гирешаваш проблемите на крајните корисници преку дизајнирање
практични кориснички искуства.
30% попуст за сите студенти!
Без разлика дали си во основно, средно или факултетско образование, добиваш
30% попуст за купување на онлајн верзија. Сѐ што треба да направиш е да ми
испратиш доказ како потврда за твојот студентски статус на
maja@uxuidizajn.com, со што ќе добиеш купон код.
Подготвен/а си да напредуваш како
UX/UI дизајнер?
Aко сакаш ќе научиш, сѐ друго е изговор!
Накратко за мене...
👋 Здраво,
јас сум Маја, самоук UX/UI Дизајнер, во дизајн светот позната како @percalus.design.
Во областа на дизајн сум веќе 6 години, каде првично започнав со изучување на Фотошоп,
па Илустратор, илустрација, графички дизајн и UX/UI дизајн, па сѐ до областа на маркетинг.
Позади себе имам успешна конференција за UX/UI дизајн, сум била ментор на неколку настани, како и ментор на над 450 студенти од курсот за UX/UI дизајн на македонски јазик…а моментално имам и основано сопствено дизајн студио Percalus.
Се надевам дека оваа книга ќе ти даде одговори на доста прашања и ќе ти помогне
да постанеш успешен UX/UI дизајнер.
И, запомни – ако навистина сакаш, ќе научиш. Сѐ друго е изговор!
Среќно! 🤞💖