Онлајн Курс за UI/UX Дизајн на Македонски Јазик
Научи UI/UX дизајн за веб и мобилни апликации од темелна програма со преку 40 снимени лекции и стекни напредни вештини во една од најперспективните професии во ИТ секторот.
100€
Зошто да Учиш UI/UX Дизајн
Меѓу 10-те
најперспективни професии во
ИТ секторот на глобално ниво.
$36k - $81k
просечна годишна плата за 2022 во САД и Европа за јуниор UI/UX дизајнер.
30,000+
моментално отворени работни места во светот за јуниор UI/UX дизајнер за remote позиции.
Задоволни студенти од курсот, како и пофалби за UX/UI дизајн кажаа ...
Задоволни студенти од курсот, како и пофалби за UX/UI дизајн кажаа ...
Миме Николовска
Во врска со курсот сеа малку се натажив на крај пошо скролнав нагоре и кога видов колку многу работи, видеа и задачи сум поминала, искрено ќе ми фали самиот тој процес на учење. Предобро искуство, премногу работи научив, сеа си ги споредив првите дизајни уште од бесплатниот курс на Slack што беше и овие од сега и бев mindblown бидејќи не очекував толкава разлика. Наскоро ќе почнам да аплицирам како фриленсер на upwork и слично, се надевам ќе тргне работата хахах. Пс. Да направиш втор дел од курсов ама како понапреден како за senior designer со уште нови работи како уште да се подобриме, обавезно ќее се пријавам што и да извадиш, верувам дека ќе е awesome.
Емилија Бимбилоска
Не може со зборови да се опише колку е се совршено смислено, редоследот на предавањата, едноставноста на предавањата (штом јас разбрав и научив а цел живот важев за труп од технологија ). Имам другарка на друг курс што го плати многу скапо и за разлика од неа јас и со паузи многу повеќе имам научено а одприлика во исто време почнавме. Најмногу ми се допаѓа што секогаш си тука за било што, што има задачи и што предавањата ги имаме засекогаш. Верувам дека кога ќе го завршам курсот ќе можам лесно да најдам фриленс работа зошто задачите и проектите ќе ми бидат комплетно портфолио. Се на се мислам дека курсот вреди многу многу повеќе од тоа што платив и го препорачувам токму заради тоа, секој би можел да си го дозволи одлична опција е за многу да се научи дури и за луѓе како мене што немаат никакви предзнаења
Бојан Маневски
Го завршив курсот и сум презадоволен од предавањата и од знаењата кои ги стекнав. Сакам да ти се заблагодарам премногу што одвои време за целиот курс и што беше толку многу посветена и секогаш достапна за било што. Секогаш сум тука за било каква соработка и секако ќе продолжам да учам и да се надоградувам. Се надевам ќе го најдам првиот клиент наскоро.
Климентина Соколовска
Кога го започнав курсот главно се надевав дека ќе стекнам некоја солидна основа за UX/UI дизајнот но сега веќе завршно со 21.06.2023 по 6 месечна работа и со креирање на последните дизајни можам слободна да кажам дека ги надминав сопствените очекувања. Освен теоретската подготвеност која ми ја даде курсот ми даде и можност да го развијам моето око за дизајн па веќе покритички пристапувам кон други проекти. Но најбитното нешто кое го стекнав со помош на менторот е поголемата самодоверба и креирање на дисциплина во моето секојдневие. Па така одлуката да тргнам на ова патешествие беше една од најдобрите. Благодарам.
Сара Јошеска
Здраво Маја Прво да ти се заблагодарам премногу за советите од пред неколку месеци за факултетите низ Скопје и цело посветено време. Искрено бев изненадена од тоа колку премногу си се вложила во курсов и колку ги прегледуваше задачите и проектите до најситен детал. Благодарение на курсов ја открив мојата понатамошна насока за образование. Горда сум на тебе, на курсов и на себе затоа што се запишав на ран упис на ФОН графички дизајн и ме повикаа на разговор за да добијам стипендија, материјалите кои што ги изработив благодарение на твојот курс ќе си ги носам во портфолиото на интервјуто. ФАЛА ТИ ЗА СЕ ОД СРЦЕ! Hope you know how great person you are and the difference you make! Ти посакувам се најубаво, и уште еднаш фала ти за споделеното знаење и секој совет! ОГРОМНА ПРЕПОРАКА ДО СИТЕ КОИ ШТО СЕ КРЕАТИВЦИ ВО ДУША, САКААТ ДА НАУЧАТ НОВА ВЕШТИНА И ДА СЕ НАДОГРАДАТ СЕБЕ СИ!
Тијана Коцев
За курсот дознав сосема случајно, наидов преку пост на инстаграм, се сеќавам. Да бидам искрена , јас како сликарка и уметничка душа веднаш ме привлече сликовитото објаснување за курсот за UX/UI Designer , иако навистина имав доста нејаснотии додека не започнав да го изучувам. Додека, процесот на објаснување на секоја лекција, вежба според мене е толку опширно направено и разбирливо за секого, како што почнав и јас од нула. Кога ги разгледувам вежбите, увидов дека со секоја следна вежба или проект разликата е тотално видлива. Се подобро и подобро. Затоа, за книгата што ја работиш моментално за UX/UI Design, ја имаш сета подршка од мене. Верувам дека ќе биде предобра како и овој курс и знам дека уште многу други млади дизајнери ќе се пронајдат во дизајнерскиот свет. Ти благодарам , што успеав да се пронајдам себе овде.
Трајче Барбареев
Маја, би сакал да те известам дека го завршив курсот по UX/UI Design и би сакал да ти се заблагодарам пред се за концептот на кој што работиш и на кој начин е направен самиот курс, научив многу нови работи и совладав некои потешкотии кои ги имав благодарение на тебе. Започнав како почетник немав воопшто ориентација каде се наоѓам и како функционира сето ова, едноставно го почнав овој курс бидејќи си многу позитивна личност и доказ дека ако се сака се сѐ може. Те следам две години на социјалните мрежи и затоа сакав да почнам нешто ново и се снајдов прилично супер. Уште еднаш ти благодарам многу.
Ана Фрагнова
Маја, сакам да ти кажам дека уживав додека го учев курсот и научив многу нови работи и со секој следен проект се’ повеќе ми се развива чувството за естетика и за тоа како би сакала да изгледа еден проект. Ќе продолжам да работам, и се надевам во иднина дека ќе добијам и работно место.
Ангела Тортевска
Ти пишувам пред се да ти се заблагодарам! До сега сум била на многу курсеви(од различни области), но за прв пат гледам некој што максимално се труди да го пренесе своето знаење. Сега се присетувам на почетокот кога почнав без ништо да знам за UX/UI, а сега со љубов креирам мобилни апликации и веб страници, и секако благодарение на твојот курс! Уште еднаш многу ти благодарам пред се за помошта додека го изучував курсот и ти благодарам за целото пренесено знаење!
Што Добиваш од Овој Курс
Познавање од UI/UX дизајн за веб и мобилни апликации, како и работа на 4 инвидуални проекти
Повеќе од 40+ снимени лекции, поделени во 7 модули од кои ќе добиеш познавање и вештини за да работиш како UI/UX дизајнер. Материјали и домашни задачи, квизови за проверка на знаење, работа на 4 проекти кои можеш да ги користиш во портфолио. Во текот на 6-ти и 7-ми модул ќе работиш на 4 индивидуални проекти кои ќе можеш да си ги користиш во портфолио при стартување на твојата фриленс кариера или аплицирање за работа или пракса.
Напредно познавање од Figma
Ќе научиш да работиш во Figma на напредно ниво. Figma моментално е најбараната алатка за градење на интерактивни, функционални прототипови на дизајни за веб и мобилни апликации.
Работа на 4 индивидуални проекти
Во текот на 6-ти и 7-ми модул ќе работиш на 4 индивидуални проекти кои ќе можеш да си ги користиш во портфолио при аплицирање за работа/пракса или стартување на твојата фриленс кариера.
Неограничен пристап до курсот
Курсот останува твој засекогаш. Курсот постојано ќе се надоградува, што значи дека и ако после 1 година ти треба потсетување за нешто или пак дополнителна информација, ќе можеш повторно да си го изгледаш. Плаќаш еднаш - добиваш неограничена надоградба на твоето знаење.
Овој Курс е за Тебе Ако:
Немаш предходно познавање од ИТ, но сакаш да научиш нова вештина која ќе ти носи одлична заработка
Имаш основно познавање од UI/UX дизајн, но сакаш да го подобриш и надополниш твоето знаење
Веќе имаш full-time работа, но сакаш да научиш вештина која ќе ти носи дополнителен приход со фриленс работа
Сега Можеш да Учиш Кога Сакаш, од Каде што Сакаш, со Темпо што Тебе ти Одговара.
Запознај Ме Мене
👋Јас сум Маја, UI/UX, маркетинг дизајнер и content creator.
Го предводам профилот за дизајн на инстаграм @percalus.design каде целта ми е да го споделам моето знаење со сите кои се почетници во дизајнерскиот свет.
Со дизајн се занимавам веќе 6 години, почнувајќи со учење на Фотошоп, преминувајќи во работа на големи студентски настани до работа со домашни и странски клиенти. Моите амбиции и желба за постојано учење и надоградување не застануваат тука.
Претходно сум работела во 3 маркетинг-дизајн агенции, сум била ментор на UNICEF Unlimited во 2018 година, како и учесник на ‘Get In The Ring’ стартап натпревар во Берлин. Бев и дел од настанот ‘Longest Pitch Marathon’ кој влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Успешно водев група ,,Научи UI/UX дизајн” која броеше 600+ пријавени учесници на мојот Slack канал. Бев дел од организацијата на Women In Tech Macedonia со која ја направивме првата конференција за дизајн UIUXMKD.
Со креирањето на овој онлајн курс за UI/UX дизајн на македонски јазик, целта ми е да им помогнам на сите кои сакаат да започнат со UI/UX дизајн, но имаат потешкотија со разбирање на англиски јазик или се на буџет.
Моментално работам како freelance дизајнер и content creator, со што им помагам на моите клиенти да имаат успешен social media presence.
Најчесто поставувани прашања
Курсот е достапен за купување од 1ви декември 2022 година. Негово завршување зависи од вашата временска рамка и обврски, нема ограничување. Курсот го следите кога сакате, од каде сакате, и со темпо што вас ви одговара. Од вас зависи дали ќе го завршите за неколку дена, една недела, или еден/два месеци.
Штом го купите, курсот останува ваш засекогаш. Исто така, курсот постојано ќе се надоградува, што значи дека и ако после 1 година ви треба потсетување за нешто или пак дополнителна информација, ќе можете повторно да си го изгледате.
Курсот е во вид на предходно снимени 40+ видео лекции кои се прикачени на онлајн платформа ‘Teachable’ со цел да може да се повторува и изучува подобро материјалот. Освен тоа, содржи и материјали за читање, предлог книги, домашни задачи.
Изучувањето на oсновите на UXUI дизајн може да трае 1-6 месеци, бидејќи станува збор за вештина во која секојдневно се изучува нешто ново и се применува наученото. Курсот содржи и покрива доволно материјал за изучување како на основата така и на напредно ниво. Од вас зависи колку ќе го искористите и примените материјалот (исто како и спремање испит :))
Доволно е ФИГМА, која е бесплатна алатка и се симнува одма. Во курсот добивате и инструкции за спуштање на оваа алатка.
Секако дека може. Курсот е во вид на предходно снимени 40+ видео лекции, со цел да може да се повторува и изучува подобро материјалот, кога можете и имате време за учење.
Онлајн и еднократно со картичка преку teachable.
И да и не. Зошто? Бидејќи најчесто е потребно да ја совладаш оваа вештина, како и да изградиш добро портфолио кое е клучот за многу интервјуа или добивање клиенти. Секако, многу се битни и вашите меки вештини како комуникација, насочени кон детали, посветеност.
Тоа не можам да ви го гарантирам, бидејќи работата зависи од колку ќе ја совладате оваа дизајнерска вештина, како и тоа колку ќе бидете посветени во процесот на учење.
Да. Самите вештини ќе се научат на овој курс. Започнуваме од основите, па се префрламе на изучување на UI/UX дизајн за веб и мобилни апликации на напредно ниво.
Овој курс нема временска рамка. Добивате 40+ предходно снимени лекции кои можете да ги гледате со ваше темпо, кога сакате и од каде сакате.
Да. Сертификатот се добива онлајн после последното завршено изгледано видео. Сертификатот ќе го добиете на македонски и на англиски јазик и можете да си го прикачите во вашето CV, портфолио, LinkedIn профил… каде и да посакате :))
Потребно е да поседуваш компјутер/лаптоп со минимум 8GB RAM и i5 или i7 процесор и желба за учење :))
Најдоброто Време да Вложиш во Себе е Сега!
Не чекај повеќе, направи го првиот чекор кон успешна кариера во UI/UX дизајн –
една од 10-те најперспективни професии во ИТ секторот