Сакаш да се натпреваруваш или пак можеби, ти се потребни идеи за дизајн и подготовка на твоето портфолио? Токму овој онлајн дизајнерски натпревар е за тебе!
Супер! Овој дизајнерски натпревар ќе трае 4 недели започнувајќи од 20 Ноември до 10 Декември.
Натпреварувањето е онлајн, така што ќе треба вашите дизајни на 4 предложени теми да ги прикачувате онлајн преку овој линк.
Секоја недела е определена со одреден тематски дизајн, и имате доволно време за да го креирате дизајнот, да го прикачите, а секоја сабота да гласате за дизајнот на Инстаграм. Додека пак, после 24 часа ќе се прогласува победникот и ќе биде награден со пакет лименки од страна на Red Bull.
Следи ги следниве теми одредени за секоја недела поединечно и започни со натпреварување!
Треба да одбериш една или до 4 теми со кои сакаш да учествуваш, и директно преку овој линк да се пријавиш. Има 4 тематики со задачи за дизајнирање на кои може да учествуваш, и учествувањето е безграничено. Значи може да креираш колку што сакаш дизајни на одредена тема за неделата. Можеш да ги направиш сите 4 теми наеднаш и да учествуваш за секоја недела поединечно. Но, имај предвид дека доколку е втора недела а се пријавуваш со тема за првата недела, дизајнот нема да влезе за гласање.
Одбери тема, и прикачи го дизајнот со твоите податоци тука. Следно, твојот дизајн учествува во онлајн гласање секоја недела преку Инстаграм стори на @percalus.design
Гласањето ќе се одвива секоја сабота во рок од 24 часа преку Инстаграм стори на @percalus.design
Можеш да дизајнираш со било која алатка наменета за дизајн. Од Figma, Sketch, Adobe XD, Photoshop до Illustrator и други алатки наменети за дизајн. Значи, не си ограничен/а :)!
Апсолутно не! Употреби ја твојата имагинација и креативност, и натпреварувај се!
Не. Овој натпревар е наменет за инвидуално учество.
Апсолутно не. Твојот дизајн единствено ќе биде споделен на Инстаграм стори за гласање, и со твоја дозвола ќе биде прикачен на овој веб сајт со твои информации.
Натпреварувачки дизајнерски дух :)!
Ќе работиш под мал дедлајн од 6 дена, ќе споделиш твој дизајн и можеби ќе добиеш клиент, или некој ќе те исконтактира за соработка, who knows! Освен тоа, ќе излезеш од комфор зоната. И секако, доколку победиш ти следува пакет лименки Red Bull кои ќе ја зголемат твојата продуктивност за дизајни!